Серија статуси на Фејсбук од шефот управата во МВР задолжена за борба со тероризам, Јовче Ременски отвора претпоставки дека јавноста од понеделник би можела да биде сведок на нова серија апсења.

Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно, пишува тој со потпис – Ременски.


Јовче Ременски, кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременск, во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија.

Во коментар на својот ФБ профил тој потврдува дека ќе има и „Џандар збира” што во полициски жаргон значи дека ќе има апсења. Најавата, во која според неговите зборови ќе има “жестина и без пренемагање”, Ременски допрва ќе треба да открие пред јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.