Трансформација на Армијата на Република Македонија запре уште на самиот почеток. Стратешкото промашување во доменот на одбранбената политика е очекувано, затоа што министерството е предводено од врвен непрофесионализам, вели професорот Александар Нацев.

Според него, стратегискиот одбранбен преглед (СОП) кој беше донесен во 2018 година ги утврдува насоките за идниот развој и континуирана трансформација на одбраната, како и пропратните планови и програми за негова имплементација.

Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 (ДПРОС 2019-2028), кој е основен документ, го проектира развојот на одбранбените и воените способности на вооружените сили и на Министерството за одбрана. Планот е во наредната развојна декада, низ процесот на трансформација, да се преземат низа мерки и активности за исполнување на општите и посебните развојни цели, со краен таргет достигнување на потребните способности и капацитети, кои треба да одговорат и на побарувањата на НАТО и да бидат интероперабилни со оние на останатите НАТО сојузници.
Трансформацијата е предвидена во стратешкиве документи кои ја третираат одбраната, но истата веројатно ќе треба да почека подобри времиња за нејзина реализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.