Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека веќе подолг период пишува за случувањата во безбедносно разузнавачката заедница на Македонија, а дел од тие натписи се однесуваа и на АНБ и на процесите кои се случуваат таму, почнувајќи од селекцијата на кадри, функционирањето на Агенцијата и слично.

-Веќе подолг период пишувам за случувањата во безбедносно разузнавачката заедница на Македонија, а дел од тие натписи се однесуваа и на АНБ и на процесите кои се случуваат таму, почнувајќи од селекцијата на кадри, функционирањето на Агенцијата и слично. Последните случувања кои излегоа на јавна сцена со објавувањето на класифицирани документи од АНБ и огромната критика од јавноста за методите на работа и применувањето на овластувањата од страна на оперативците на АНБ, повторно ја донесоа оваа Агенција во мојот фокус и направив кратка анализа на последниот случај, со службената белешка.

🔴 Доколку се анализира белешката, ќе се забележи дека сите аргументации и предвидувања се однесуваат на можно сценарио, без приказ на факти кои би го потврдило тврдењето на оној кој ја пишал белешката. Притоа, подносителот на белешката употребува глаголска л-форма [престојувал, подготвувал, имал] која најмногу се употребува кога сакаме да прераскажеме некому нешто, без разлика дали сме го чуле тоа, прочитале, или пак некој ни го кажал. Најчесто тоа е гласина, употреба на претпоставка или поставување на прашање и одговор на хипотетичко прашање.

🔴 Во однос на вмешаноста на странска служба, не е наведено ниту името и презимето (или било каков идентификациски маркер, па дури и псевдоним) на припадникот на странската служба, кој имал состанок со лицата од интерес, што кај сите нас раѓа сомнеж дека воопшто не е извршена ниту проверка во хотелот Аурора, ниту пак е одземен видеоматеријал од видеонадзорот во истиот, кој потоа би бил прилог во белешката.

🔴 Друга дилема е, ако имало обид за бегство, зошто тогаш нема истрага против Наташа Савова, која е посочена како помагач?

🔴 И за крај, потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев. Ако АНБ примениле само оперативен метод „набљудување” и на тоа се повикуваат како образложение, тогаш тоа објаснување држи вода до некаде, затоа што тоа им е законска можност и овластување. Но, набљудување значи да гледаш некој дека пие кафе и да го нотираш тоа, како и да ги нотираш лицата кои се во негово друштво, но како во тој случај би знаел што се зборувало на масата, и би напишал кредибилна службена белешка за содржината на тој разговор?
🟡 Еве, ова се неколку логични прашања, за кои се сомневам дека некој ќе ги одговори, потенцира Нацев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.