Премиерот Заев истакна дека има доволно време до 11 септември, кога истекува рокот за поднесување на листи, за да се направи вистинскиот избор на кандидати на СДСМ за локалните избори.

Со ова тој индиректно призна дека има тешкотии кого да избере за кандидати, особено откако опозицијата излезе со квалитетни кадри.

-Ги правиме деталните анализи и не можам да кажам кој каде останува додека не ја донесеме одлуката. Сите ми се драги и почитувам се што е изработено, прашањето е дали е доволно сработено или не за да се донесе конечна одлука. Тоа на многу прецизен и видлив начин го кажуваат граѓаните преку анкетите. Ветивме дека ќе го понудиме најдоброто и се трудиме да ги понудиме најдобрите, потенцира Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.