Бени Шакири е мој другар. Ние сме и пријатели и тој не дава глас за ВМРО-ДПМНЕ, па што сака нека биде. Верувам во тоа, вели премиерот Зоран Заев во гостувањето на емисијата „Клик плус“. на ТВ 21.

Тој потенцира дека „знаел со Шакири за што се борат во времето на режимот и со свирењето гитара во кампањата на претходните избори“.

Наспроти тоа, вечерта после изборите Бени изјави дека знае дека во втор круг нема да гласа за кандидатот на СДСМ Петре Шилегов.

-И Ана Петровска е моја пријателка. Одлично си ја вршеше работата, но проблемот во нивната партија придонесе таа да не биде веќе дел од Државниот инспекторат за животна средина, наведува Заев.

Според него, како партија изгубиле на изборите 10 до 15 илјади гласови поради тоа што граѓаните не биле задоволни од нив.

-25 илјади гласови останаа дома. Не очекувам резултат во Скопје како претходните избори, но очекувам да освоиме 120 илјади што ќе биде доволно. Седењето дома не е решение, иако го сфаќам револтот, истакнува претседателот на СДСМ.

За него кандидирањето на Максим Димитриевски за независен кандодат, кој во првиот круг доби повеќе гласови од кандидатот на СДСМ и резултат на демократијата која тој е донел во земјава. Максим, е како што вели негов другар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.