На премиерот Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, денеска ќе им биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија.
Меѓународната награда за мир на Вестфалија ќе биде доделена од страна на претседателот на Латвија, Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.
Заев, на својот фејсбук профил напиша дека храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства.
Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа. Уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред утрешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија – наведе Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.