Директорот на заворот Скопје, Ѓоко Котевски, никако да се најде на дневен ред на Владата. Неговтра оставка е поднесена веќе три месеци. Но Владата не може да најде време да ја разгледа. По инцидентот во затворот, кога беа нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои беа во притворското одделение, под притисок од јавноста Котевски поднесе оставка. Но неговата оставка се стави во фиока, под изговор дека прво треба да поминат изборите. Но изборите поминаа, фиоката се заглави. Оставката никако да дојде на дневен ред.

За ова кадровско прашање Владата на вчерашната седница не дискутираше. Ако евентуално дискутира на наредната јавноста ќе биде информирана – изјави денеска владиниот портпарол.

Во меѓувреме директорот на Шутка си ја вработи и сопругата во УЈП. „Република“ тогаш побара негова изјава, но тој не коментирал во сабота. Накратко само посочи дека тој е во оставка и тука нема ништо спорно. Антикорупционерите пак, пред десетина дена најавија дека ова вработување ќе биде разгледано.

И додека Котевски ужива во фотелјата, социјалните мрежи се разбранувани…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.