Два дена специјалната обвинителка Катица Јанев е во своевидна изолација на работното
место.Извори во СЈО тврдат дека Јанева е под тивок бојкот на најголем дел од вработените во
оваа институција, објави Експрес.мк.

Со неа комуницираат само неколку луѓе кои што важат за нејзини блиски, а најголем дел од вработените имаат никаква или само неизбежна службена комуникација.
Нејзините соработници кои до пред десетина дена се колнеа во неа сега ја избегнуваат и не сакаат да се сретнат со неа.
По враќањето од боледување имала само една средба со тимот на која што ги информирала обвинителите дека не е виновна за ништо, но средбата минала во траорна и мачна атмосфера.
Дел од обвинителите сега имаат дилема дали на Јанева може да и се доставуваат
сензитивни информации за случаите на кои се работи затоа што сите очекуваат дека Јанева наскоро ќе биде дел од формален судски процес за случајот Рекет со Боки 13.
Вработените се плашат дека ако соработуваат со неа, а таа стане осомничена во случајот
како што јавно тврди еден адвокат тогаш тие би биле соучесници на лице под истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.