Во 2018 година вкупните приходи на 1ТВ изнесувале 39,232 милиони денари (околу 637 илјади евра), а приходите од рекламирање 33,944 милиони денари (околу 550 илјади евра), се вели во одговорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на прашање на Мкд.мк за приходите на одделни телевизии.

Во Македонија приходите на националните телевизии се движат од 100 до 600 милиони денари. Споредбата со приходите на 1ТВ покажува дека лани оваа телевизија легално инкасирала три пати помалку од, во приходи, најслабата телевизија.

Со оглед на продукцијата на 1ТВ, на бројноста на екипата, на искусниот уреднички дел од информативната програма, повеќе од очигледно е дека со тие 600 илјади евра едноставно не било можно да опстане една телевизија. Ова, на некој начин индиректно ги потврдува сите шпекулации за кешот што Бојан Јовановски, директорот на 1ТВ, го добивал од одредени компании за време на неговите рекетарски маркетиншки состаноци.

(Извор – МКД.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.