СДСМ и Заев да ја сокријат својата паника се служат со лаги и манипулации. Од Бихакќа пуштаат соопштенија полни со лажни вести, но веќе не им поминуваат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека СДСМ и Заев се прочитани од македонските граѓани.

На следните избори македонските граѓани ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ. Се ближи крајот на оваа власт која го лажеше народот дека ќе донесе живот, дека просечната плата на Македонецот ќе биде 500 евра, ќе се изградат 500 километри автопат.
Република Македонија е класифицирана како хибриден режим, благодарение на режимското владеење на Заев и СДСМ, политичкиот прогон на неистомислениците како и физичкото и телефонското следење на политичкиот противник од страна на параполициски структури.
Заев и СДСМ треба да знаат дека ќе одговараат пред законот и словото на правдата.
Со СДСМ и Заев граѓаните единствено добија хибриден режим, криминал и неспособност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.