На следниот состанок на Кризниот штаб во Владата ќе се разговара за најавената дополнителна мерка дека во сите затворени места ќе се бара сертфикат за две примени дози вакцина против ковид-19.

Следниот состанок во Владата треба да се одржи наредниот понеделник согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Веројатно ќе оставиме уште една или две недели дополнитени со оглед на тоа што веќе е најавено, за да почне да важи препораката да во сите затворени места, согласно сегашните мерки на Комисијата, наместо со една доза биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, посочи министерот за здравство Венко Филипче по настанот за подигање на свесноста за значењето на донирање органи и ткива, како и коскена срцевина во лекување и спасување човечки животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.