На Шпанија не и се брза: НАТО во февруари тешко ќе го видиме и со предвремена ратификација

Полноправното членство во НАТО по се изгледа ќе почека. Причина за тоа е последната членка на Алијансата која треба да го ратификува, а тоа е Шпанија. Како што денеска најави амбасадорот на Шпанија во Македонија постапката е сложена и тоа може да потрае.

Новата шпанска влада го испрати протоколот во Парламентот со барање да биде ратификуван по брза постапка.Но шпанскиот амбасадор има два дома а згора на тоа треба да биде усовоен и од комисијата за надворешни работи а потоа и на пленарна седница ќе биде тешко да се ратификува пред 12 февруари.Тешко, но не и невозможно-изјави  Емилијо Лоренцо.

Со ова, најверојатно македонското собрание најверојатно предвреме ќе го ратификува Протоколот за наше членство во Алијансата. Џафери најпрво беше дециен дека тоа нема да се случи и оти нема да закаже таква седница.

Според него, нема да биде ништо страшно доколку тоа биде оставено за следниот парламентарен состав.Тој дури и објаснуваше дека не може да се прават споредби со Црна Гора која на сличен начин предвреме го ратификуваше Протоколот за членство во Алијансата.

Но пред десетина дена, Џафери го смени ставот и најави дека на 11 февруари ратификацијата на Протоколот ќе ја стави на гласање, еден ден пред распуштање на Парламентот.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.