На школка за Денот на независноста стотина јадници, а водителот Тноковски никако да му се испушти зборот Македонија. Нашата земја та нашата земја. Било каде во друга држава за денот на независноста има дефилеа, воени паради, преполни улици со луѓе и цвеќиња. Насмеани лица.

Премиерот на Малта ни честита со Р. МАКЕДОНИЈА, вие од власта и вашите подмочани, бледолики, советници, ја нарекувате Северна дури и во комуникација на фејсбук. Јавно избегнувате името да и го спомнете, зашто сте свесни дека тоа СЕВЕРНА го револтира мнозинството, етнички Македонци. Прашање: Како планирате да владеете и со кого, кога тоа мнозинство на кого му припаѓате по потекло, органски не ве поднесува?, пишува актерот Сашо Тасевски на својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.