Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 34. пленарна седница на чиј дневен ред се околу 70 закони во прво и второ читање.

На седницата се ставени и два закона по скратена постапка – измените на Законот за прекршоци и измените на Законот за средно образование поднесени од група пратеници од опозицијата.

Во второ читање треба да бидат разгледани измените на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, Дополнетиот предлог на закон на Законот за задолжница, Предлог законот за меѓународна соработка во кривичната постапка и измените на Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Повеќето предложени закони на 43 седница се во прво читање.

Измените и новиот концепт од министерството кое го води министерката за образование, Мила Царовска, подолг период предизвикува остри критики во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.