СДСМ посакува да има избори на кои што нема да се зборува за понуда и програма, односно изборите кои нема да бидат ниту фер, ниту демократски, рече денеска на „Сител“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој потенцираше дека граѓаните ќе се плашат да ги примат активистите и кандидатите за пратеници во својот дом за да ја претстават својата програма, страв кој е оправдан со оглед на тоа што во изминатите 2 месеци во Македонија беа аплицирани строги рестриктивни мерки.

Замислете вие политичка кампања во која кандидатите за пратеници ќе не можат да се претстават пред бирачите и ќе не можат да ја претстават програмата пред бирачите. За каква фер и демократска процедура зборуваме ако еве ние сите имаме одбивност да пречекаме пред нашиот дом лице кое што се натпреварува за да биде пратеник и кое што сака да ја претстави пред вас програмата за која што вие треба да го гласате. И нормален е тој страв затоа што ако вие 2 месеци аплицирате врз граѓаните рестриктивни мерки кои што практично влијаеа врз сентиментот на граѓанинот и сега наеднаш го вртите бродот за 180 степени и велите се е прекрасно, блескаме, бројот на заразени се зголемува, бројот на починати се зголемува и вие тоа го правдате со функционирање на институциите, не сте чесни, немате искрен пристап кон граѓаните. Зошто затоа што мора да постои период на транзиција, не можете вие од црно на бело да поминете, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.