На српска граница со широка насмевка прашуваат на вакцина или ревакцина. На саем во Белград со неверојатна љубезност не примија со зборовите: „Добро што дојдовте денеска, (терминот ни беше за утре) утре и задутре очекуваме по 11.000 луѓе. Нашиве ќе казнувале ако тргнете пред 5.

Ова е твит на адвокатот Александар Тортевски. И не е единствен со позитивни коментари за вакцинацијата во Србија.

Фала Србијa! Фала мои драги белградски пријатели, фала моја АРД фамилија! Неверојатно емотивен ден вчера во Белград! Денеска дома со порасната надеж дека ќе ја преживееме лудницава!

Вака поранешниот портпарол Сашко Голов и се заблагодари на соседна Србија за можноста да се вакцинира против корона, вакцини кои Македонија со месеци ги набавува и никако да ги набави.

Стигнавме рано утринава. Партнерот имаше закажано вакцонација во 9 часот. Мојот термин беше во 14:30. Но кога кажавме дека патуваме задно не вакцинираа двајцата во исто време. Има гужва пред халите, но се оди така брзо – вели една скопјанка која утринава ја прими првата доза АстраЗенека во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.