Се уште не е познато и кога ќе биде повикана на распит во обвинителството специјалната обвинителка Катица Јанева, ниту пак дали ќе бидат сослушани лицата кои беа спомнати во “бомбите” на “Ла Верита”. Телевизијата „Канал 5“ објавува дека утре исказ ќе даде шефицата на кабинетот на Јанева.

За овој случај досега исказ во својство на сведоци дадоа двете обвинителки од СЈО Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова кои се изјаснија дека не се согласувале со некои одлуки на Јанева. Вчера сведочеше Стефанова, која пред медиумтие не откри што зборувала пред надлежниот обвинител, само рече дека кажала се што знаела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.