Врнежите од дожд и појавата на магла на скијачките терени се причина да не работат ски-лифтовите на скијачкиот центар  Попова Шапка, инфомираат од раководството.  Дождот ги оштетува патеките, а видливоста е мала поради маглата.

-Поради неповолните временски услови проследени со магла и дожд денеска ски-центарот нема да работи. Штом се создадат услови во текот на следните денови допиолнително ќе информираме, соопштија од Ски-центарот Попова Шапка.

Изминатиот период работеа жичарниците „Св. Илија“ и „Церипашина“ и ски – лифтовите „Аеродром“ и „Ге“, додека новата шестоседната жичница не беше ставена во функција овој зимски период

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.