Околу 1 месец по завршувањето на пописот на населението и домаќинствата, Државниот завод за статистика сè уште не дава детали за резултатите од овој статистички процес..

Законскиот рок за објавување на резултатите е до 6 месеци по завршувањето на теренскиот попис.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вели дека при спроведувањето на пописот имало три основни елементи коишто недостасувале во методологијата за точно собирање на информациите. Тоа биле точните адреси на живеење.

Она по што се раководиме кога спроведуваме одредено статистичко истражување е да имаме концепт како ќе го следиме опфатот на сите единици на тоа истражување, а исто е и на пописот. Клучната работа по која се раководевме беа објектите за домување каде с есместени граѓаните, каде што живеат тие и сите овие објекти се целосно поминати, не е пропуштен ниту еден. Да, се случуваше да не најдеме некого дома, сепак беше летен период наспроведување на пописот. Меѓутоа, се обидувавме повеќе пати да ги побараме, остававме телефонски броеви за да исконтактираат со попишувачите и немаме воопшто значаен неопфат со пописот“, изјави Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Комуникологот Кордалов го смета за позитивен пристапот на статистичарите кон граѓаните и го посочува за пример како една независна институција треба да комуницира и соработува со граѓаните.

Сега зборувам за пописот, на пример, во споредба со процесот за вакцинирање. На пример ДЗС кога почна да комуницира за процесот на пописот се фокусираше на казните. Потоа ДЗС продолжи со комуникацијата на еден позитивен начин обидувајќи се да ги убеди сите и организациите и граѓаните дека пописот е значаен за сите нас, дека пописот е национален приоритет, дека пописот нема политичка заднина. И во последните четири или пет дена ние можевме да видиме како многу луѓе се обидуваат да се јават до Статистика и да бараат да бидат дел од целиот процес, да бидат попишани, затоа што тие сфатија дека никој не врши притисок врз нив, туку тој процес е значаен за сите нас. И токму така треба да се одвива таа комуникација“, вели комуникологот Бојан Кордалов.

Тоа што Статистика успеа да убеди многумина од тие кои одбиваа сепак да бидат дел од пописот, според комуниколозите се должи токму на пристапот со кој наместо институцијата да се заканува со казни употреби метод со кој им објасни на граѓаните дека преку учество во пописот ќе придонесат за креирање подобри политики.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.