Го замислувам Бранко седнат на фотеља дома, пред исклучен телевизор, со чаша виски во рака ама не пие. Само гледа во празниот екран и вака си мисли:
Тој Зоки ќе скапеше затвор да не бев јас. Немаше ни на чело на партијата да дојде ако не намигнев кајшто требаше.
Таа Рада… Еј таа Рада од јајце сум ја испилил, ќе беше никој и ништо да не ја… Родендени ми организираше со социјалдемократската младина на почетокот. А бе никој немаше да знае дека постои тоа нешто што го викаат Рада.
ОЛИВЕР ЕЈ… Обиџуко. Тој бе… Да не бев јас, ќе маваше печати во некоја селска пошта или ќе фаќаше врски кај Груевски да го вработи, да крева коли со пајак.
Е овиА шиљокурани, најдоа мене да ме наречат историја, музејски експонат… Ми мочаат у вискито!!! Они мене? Еј мене? Мене ОНИ? Вие МЕНЕ? Не стварно, вие со мене?
Каде бе со мене? На Папата никој не му моча у вискито. Оваа лекција се учеше прва кога се пристапуваше во СДСМ.
Бевте на тој час? Изгледа сте киднале. Затоа не знаете.
И седи така Бране дома, размишља и буљи во празен екран, вискито во рака, ама не пие. Само буљи.
А потоа крева телефон: Оние од Петрич и ближа околина ги сакам за мезе, со вискиво!
Толку. Јеби га! Папа си е папа. Кој знае. Кој не знае од Папата ќе го папа. Кога тогаш, пишува Сашо Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.