Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Свети Николе.

Преубав град, но со малку останата надеж дека може да биде подобро, вели Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека на овие луѓе премногу долго им било ветувано дека ќе биде подобро.

Но нема ништо од тоа. На Македонија ѝ треба надеж, но пред сè обнова која ќе донесе подобро утре и подобра иднина за сите. Таа обнова ќе ја донесеме и за таа обнова ќе се бориме заедно. И заедно ќе ја поразиме оваа каста на власт, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.