Го посетив преубавото Богданци. Посочив дека ова не се само претседателски избори, ова се избори каде се одлучува за иднината на Македонија, за правецот по кој ќе се движиме, патот по кој ќе одиме, а ако ја немаме Македонија, ништо немаме. Затоа на овие избори се решава за Македонија. Претседателските избори се шанса за отворање на вратата на предвремени парламентарни избори на кој кој го поразиме Заевизмот. Колку победата е поубедлива, толку ќе биде поголема нашата сила за промени, реформи да ја испорачаме правдата, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по денешната посета на Богданци.

Сега државата си има работа со измамници кои ја водат власта, направија предавство, ја разграбуваат државата. А народот се чуствува измамено. Заев вчера пред полупразниот простор кој требаше да биде митинг вели дека силно го забетонирал идентитетот, тогаш зошто бегаше од македонската химна кога дојде грчкиот колега, зошто тогаш не ги признава македонците во Грција, зошто промени имиња на 136 институции, зошто се самооткажа од правото ние Македонците да се самоопределиме. Затоа ајде да победи Македонија, ајде заеднички да ја донесеме правдата, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.