Бизнисменот Орце Камчев во денешното рочиште за „Рекет“ рече дека бил заглавен во кругот кој против него го играле Боки 13, Катица Јанева и Лиле Стефанова и оти морал да влезе во нивната игра за да ги разоткрие.

Затоа и прифатил да им даде пари но оти нивните апетити постојано се зголемувале.
За снимката која се појави во медиумите вели дека се консултирал со неговите пријатели од Бугарија.

Му ги спакував во „Луј Витон“ чанта како што тој сакаше. Имам направено и спецификација. Имаше 500.000 евра со банкноти од 50 евра за да биде полна чантата. При тоа морав пред нив да глумам и да прашувам што ќе добијам за тие пари, рече Камчев.

Денеска Камчев кажа дека во август 2018 година дознал дека против него се води истрага од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката на претходна постапка Весна Димишкова, која беше подоцна на истрагата „Империја“.

Бојан Јовановски првин ми побара пари, преку реклама, да уплатам во неговата телевизија. Во ресторанот ‘Суши’ се сретнавме, рече бил многу влијателен. Преку директорката во мојата компанија понудивме 50.000 евра за реклама. Подоцна таа ми кажа дека бил навреден од сумата, била мала. Подоцна тој бараше нова средба. Дојде со препишан бизнис план, за изградба на ВИП-фешн молови. Беше присутна и Јасна Мандиќ. Прашав, имаш ли локација? Рече имам во Карпош, ама немам намера да му се јавувам на градоначалникот Стефан Богоев, ме заеба, а му имам многу помогнато. Ја сврте последната страница од договорот, потпишан беше Лазар Јанев, синот на Катица. Сакаше да ми наплати 4 милиони евра, толку кошташе проектот, лиценцата за проектот. Ќе си имаш проблеми ако не го потпишеш. Не го потпишав, нормално“, рече Камчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.