На народот  му е преку глава неправди, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ , која на вчерашниот протест побара слобода за Уставобранителите.

Народот врие, преку глава му е од неправди, слобода за Уставобранителите! Нема ден да нема скандали и криминал.

Владата на Заев е најнеспособната влада до сега, и тој владее само со шиканирање.

Вчера илјадници луѓе излегоа и кажаа не за неправдите на Заев. Народот е незадоволен додека криминалци се на власт, народ лежи во затвор затоа што го бранел Уставот, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата даваат целосна поддршка за Уставобранителите и побараа случајот повторно да се отвори за да можат осудените да добијат шанса да ја докажат својата невиност.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори заедно со народот за исправање на сите неправди, и одговорност за секој, без разлика за кого се работи. Потребно е случајот повторно да се отвори и неправедно осудените да добијат шанса да ја докажат својата невиност. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Не смееме да толерираме неправди, се вели во партиското соопштиение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.