Миле Јанакиески однесен на преглед во болницата „8 Септември“, соопшти Алсат-М. Неофицијално, поранешниот монистер се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење и затоа затворската полиција од затворот „Шутка“ го однела на прегледи.

Јанакиески дванаесетти ден штрајкува со глад во притворското одделение во „Шутка“.

Денеска тој беше спроведен на судењето за случајот “Талир”.

Дека е во тешка здравствена состојба претходно предупреди неговата сопруга, Сања Јанакиески, а пишуваа и медиумите дека е изнемоштен, одбива секаква храна, а дека е во лоша здравствена состојба е видливо и физички и психички. Од семејството ги демантираат шепкулациите кои проструија во некои медиуми дека Јанакиески примал храна само д дома.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.