Зошто токму Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот избор на претседателските избори, а не противкандидатите Стево пендаровски и Блерим Река.
Вечерва, точно на половина на камапањата, професорката по уставно право е гостинка на Отворено на Алфа и одговара на прашања на граѓаните.

Досега немало жена-претседател, јас сум првата кандидатка и вчудоневидена сум кога ќе чујам дека на татковината ѝ требало татко, а не мајка. Тафтологија. Ако е татковина, не може да опстои без мајка, особено што во Македонија се уште немало жена-претседател, а јас мислам дека сум личност која според вокацијата, заради теориските знаења, но особено заради познавањата на реалноста, македонска, а и компаративна, може да ги открие најважните педизвици за македонската демократија на патот кон стандардизацијата со европските искуства, рече Силјановска – Давкова во гостувањето на Алфа, наведувајќи дека ова е едната причина поради која таа би била подобар претседател од противкандидатите.

Втората причина, рече таа е тоа што ќе има шанса она што го предавала, што го пишувала, што го критикувала, да го коригира.

Освен тоа, претседател на државата треба да биде личност која тешко гради ставови, споро, но и се држи до нив, не ги менува. Замислете, каков хаос може да внесе претседател доколку катаден го употребува алибито евринтеграции за да може дома да заборава или воопшто да ги негира предизвиците на владеење на правото, на корупција, на либерална економија, развој на струлна и квалификувана администрација, на битка со непотизмот, рече таа.

На крајот, Силјановска рече дека жените имаат посебни оружја, интелектуални, мисловни, менаџерски, и редно е со смиреност, одговорност, да ѝ се помогне на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.