ВМРО-Народна партија е против предлогот за измена на Иборниот законик во делот на отворени листи за советници со праг од 3 отсто, бидејќи смета дека со таков услов големите партии заеднички се договараат да ги збришат сите мали политички партии од македонската политичка сцена, соопштија од партијата на Љубчо Георгиевски.

– И така законот кој беше инициран со мотивација како да им се помогне на малите партии на крајот ќе заврши со цел како да се избришат малите политички партии. ВМРО-Народна партија смета дека отворените изборни листи ќе направат невиден хаос во изборниот модел во кој македонската демократија уште повеќе ќе биде девалвирана. Затоа ВМРО-Народна партија смета дека можеби е најдобро да остане Законот таков каков што беше и досега – велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.