Секоја борба е составена од повеќе помали борби. На крајот битно е да се оствари целта, победата да биде заслужена и остварена со сопствени сили затоа што таков е нашиот код, и така е победата поголема, објави на Фејсбук Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој на Денот на Републиката, 2 Август беше во посета на Ташмаруништа.

И доколку на тој трновит пат, се појават предизвици, се појават неправди, незаслужен пораз во некоја битка, тоа никако не значи да се откажеме. Не. Кога знаеме дека имаме добра мисла и добри намери, кога знаеме дека за правда, принципи и за Македонија се бориме, и кога веруваме во таа битка, и во тие идеали, ние ќе ја оствариме таа цел, пишува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.