На Клиниките за кардиологија и за пластична и реконструктивна хрургија ќе се лекуваат пациенти болни од ковид-19, а во ГОБ „8 Септември“ ќе се оперираат само итни случаи, соопшти Министерството за здравство.

Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршкте интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.

Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.

Во ГОБ 8 Септември ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни.

Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број на болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптеретени.

Според дневниот билтен на Министерството за здравство во изминатите 24 часа се пријавени вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години, направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на ковид-19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 71 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.