Што велите за ситуацијата во земјава, се случија низа на големи настани?

Куч: Моменталната ситуација во земјата е катастрофална. Најнапред се случи она срамно и предавничко гласање во Собранието за отворање на Уставот на Република Македонија со кое и беше овозможено на оваа хунта на власт да го смени името на државата. Боли тоа што во ова сценарио главни протагонисти беа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу нив и еден Бошњак, кој за свои лични интереси изневери голем број чесни Бошњаци. Исто така, се случи и срамната судска пресуда од 211 години за луѓе кои ја бранеа својата татковина Република Македонија. Има уште многу работи кои се во негативна констелација и кои се показатели на тоа дека оваа власт не работи во интерес на народот, како на пример состојбите во здравството, образиванието, економијата, правото, а тука е и сиромаштијата на народот.

Наскоро следат претседателски избори, кои се вашите очекувања?

Куч: Моите очекувања во врска со претседателските избори одат во таа насока дека мора и ќе победи професорката Силјановска, која е врвен експерт по право. Без правна држава нема ни економски просперитет. Правото е олицетворение на секоја успешна држава.

Како гледате на Македонија ако победи Пендаровски, а што ако победи Силјановска, вие велите таа и мора да победи?

Куч: Ако победи Пендаровски на овие избори, мислам дека тоа уште повеќе ќе доведе до непочитување на правото, ќе доведе до апсолутизам во владењето на еден човек и партија, а тоа е апсурд за една држава која се декларира како демократска. Многу е опасно ако една партија или коалиција ги има во свои раце сите столбови на власта.

Со победата на професорката Силјановска се отвора можност за создавање на правна држава и да им се врата надежта на голем број граѓани дека ќе бидат заштитени и еднакви пред законот.

Дали и какви промени очекувате по претседателските избори, очекувате ли распишување на предвремени претседателски избори?

Куч: Очекувам промени во позитивна смисла кои ќе ја натераат оваа хунта на власт да закаже предвремени парламентарни избори на кои убеден сум ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Убеден сум дека по преземањето на власта ќе работиме за доброто на сите граѓани на нашата држава, бидејќи ги знаеме нивните потреби. Исто така, иако ќе биде многу тешко сакам и убеден сум дека ќе го вратиме нашето вековно име Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.