На инфективното одделение во Клиничката болница во Битола во изминатите 24 часа починаа тројца пациенти на возраст од 64, 84 и 85 години.

Починатото лице на 64 годишна возраст е од Бач, 84 годишниот пациент е од Ресен и 85 годишниот пациент е од Демир Хисар.

Синоќа министерството за здравство во дневната статистика соопшти дека во Битола беа починати двајца пациенти. Бројот на активни случаи со Ковид 19 во Битола е 863, бројот на регистрирани случаи од почетокот на пандемијата 1722.

Бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното оделение денеска е 70.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.