Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 253 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 8 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 43 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 30 пациенти, во Прилеп 17, во ковид-центарот во Гостивар 8, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 17 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 6, во Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.