Членови на семејството на внуката на првиот претседател Медотија Андонов Ченто која била поканета на одбележувањето на Илинден тврдат дека на церемонијата организирана од спикерот на Собранието Талат Џафери се случил немил настан.

Пред церемонијата тврдат од семејството Ченто за expres.mk членови на протоколот на Собранието од внуката на Ченто барале да ја смени облеката затоа што не соодветствувала на церемонијата.

Собранискот протокол од Василка Спировска Ченто преку собраниски вработени побарале да ја соблече маицата на која има порака со која се бара поддршка и правда за Јане Ченто.

На маиците која ги носеле и внуката на првиот претседател на Македонија и мајка на Јане Ченто и нејзиниот сопруг пишува “Слобода за Јане Ченто”.

Мајката на Јане одбила да ја соблече маицата и се заканила дека ќе си замине ако и биде забрането да искаже поддршка за нејзиниот син по што собранискиот протокол не инсистирал да ја соблече маицата со порака за поддршка на Јане Ченто кој како и неговиот дедо кој бил осуден од страна на некогаш комунистичките сега е осуден за настаните од 27 април од социјалдемократските власти.

На маиците што ги носеле мајката и таткото на Јане Ченто пишува: Слобода за Јане Ченто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.