Вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје , починала родилка , врз која вчера бил спроведен царски рез и било констатирано дека бебето е мртво..

Случајот за Канал 5 го потврди директорката на Гинекологија, Викторија Јовановска, која повеќе детали најави за утре.

Јовановска информира дека станува збор за родилка на која ова и била 12-та бременост и дека досега имала шест абортуси и шест раѓања. Од фамилијата на родилката рекоа дека таа на Гинекологија била однесена вчера, па откако било направено ЦТГ на детето, било констатирано дека било се во ред, за што поседуваат и документ како што тврдат. Како што кажуваат од Клиниката, пак, на жената ѝ кажале дека ЦТГ е добро и не е добро и и рекле за саат време да се врати назад на уште една проверка.

Но, кога ја побарале, таа била замината дома. Според роднини на родилката, откако наводно ѝ било кажано да дојде денеска на нов преглед, по два часа од прегледот направен вчера на пат кон дома, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.