На два кревети изнемоштени пациенти примаат инфузија, а на другите два лежат мртовци. Овие фотографии навистина се од хорор-филм, македонското здравство. Настанати се во битолската болница, а се споделуваат на социјалните мрежи со барање министерот Венко Филипче веднаш да си поднесе оставка, а со себе да ја поведе и целата влада.

БАРАМ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА И ХИТНО ДА СЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА НА ЕКСПЕРТИ
Овие фотографии се направени во Болница во Битола. Од четири кревети, двајца примаат инфузија , на другите два кревети има два лешеви. Под хитно оставка на министерот Филипче заедно со Заев. Полошото тек доаѓа., пишува колумнистот Васко Билески на Фејсбук.

Во коментарите на жртвите на системот на Филипче може да се види дека оваа ситиација не е од денеска, ниту од вчера, туку од почетокот на пандемијата.

Мајка ми лежеше во Битолската клиничка болница 20дена во Април, се десило во нејзината соба починала пациентка, ја покриле со чаршав со намера да преноќи во собата, мајка ми бурно реагирала дека нема шанси таа да ја помине ноќта во иста соба со починатата пациентка и го дислоцирале телото. Инаку намерата им била да ја остават до утрото, пишува во еден коментар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.