Дали членовите на Судскиот совет, но и министерката за правда, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и самите судии ќе одговараат кривично со недоложувањето на рочиштата доколку некој за време на судењата заболи од корона вирусот.

Ова прашање се наметнува отако стана јасно дека Кривичниот совет нема намера да ги пролонгира рочиштата поради вонредната состојба во земјата.

Тоа стана јасно по вчерашното рочиште на случајот „Титаник“ кое се одржа и по заканите на судијата дека доколку обвинетите не се појават на следното ќе размисли за дополнителни мерки па и за притвор.

Не помогна ниту писмото на 74 адвокати кои бараа итен прекин на рочиштата. Адвокатите веќе најавија дека доколку продолжат судењата ќе покренат кривични пријави а пак доколку судот стане ново жариште на вирусот Обвинителството е должно да го гони претседателот на Советот Здравев, членовите, министерката Дескоска,  и првиот човек на Кривичниот суд, но и судиите кои ги водат рочиштата.

Судскиот совет најавува дека по однос на реакциите на адвокатите ќе заседава откако ќе добијат насоки од Владата  иако советот мора да е независен а не во спрега со извшната власт.

Советот слепо ги послуша и препораките на Владата за продолжување на рочитата за време на вонредна состојба иако сите судови во регионот запреа со работа додека не се створат нормални услови

Очигледно е дека на Дескоска и Здравев поважни им се судењата отколку здравјето на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.