На седницата на претседателството на Демократската унија за интеграција во партиското седиште во тетовска Мала Речица главната дебата е околу добро осмислување на ветингот во пресрет на 4-тиот конгрес. Партискиот портпарол Бујар Османи вели на претседателството како дел од подготвителните седници се дебатира за суштината на документите и резолуциите предвидени за усвојување на конгресот на 21 декември.

Четвртиот конгрес на ДУИ ќе отвори ново поглавје на функционирање и рамки на политичко делување во наредните четири години. Тие документи се важни и ќе ги утврдат столбовите на функционирањето на нашето политичко делување и важно е да бидат добро осмислени и во рамки на очекување на граѓаните и да можат да се реализираат. Тема на оваа седница е точно е дефинирање на најважните принципи а тоа е ветингот како механизам за борба против селективна правда односно обезбедување на неселективна правда и ветингот како механизам на политичко лустрирање на сите носители на јавни функции. Важен механзиам и барање на граѓаните да се врати кредибилитетот во носителите на политички фунцкии кои носат одлуки во име на граѓаните и затоа ДУИ е убедена дека најдобриот начин е преку создавање на механизам на ветинг, рече Османи.

Според Османи, иако претседателот Пендаровски се сомнева во датумот за избори, не постои друга алтернатива за 12 април.

Одлуката за 12 април као изборен ден е донесан како консензус на партиските лидери. Само консензус може истата да се смени. ДУИ е на став дека изборите треба да бидат на 12 април и тој ден не треба да се смени. Нема иницијатива од ниедна страна да се седне на лидерска средба и пак да се постигне консензус. Може да се смета дека 12 април е ден кога ќе има избори, рече Османи.

Османи рече претседателство продолжува и со дебата за препораките на Венецијанската комисија. Го повтори ставот дека не треба да се менува Законот за јазици, а дека може да се почитуваат препораките на Комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.