Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче имаа средба ова попладне со здравтствени работници во Куманово.

Повеќе ниту еден жлекар не сака да си оди од државата, знаат луѓето дека се платени, дека се ценети и почитувани и тоа е најважната реформа во здравството на којашто сме горди и којашто ќе повлече многу други унапредувања и успеси во здравството, рече Спасовски.

Нагласи дека е планирано да се зголемат платите на лекарите уште 40 отсто во следниот четиригодишен мандат.

Мораме да продолжиме да инвестираме, посебно во здравството, полицијата, пожарникарските служби, во сите оние кои се први во реакцијата во ситуација на кризи и од чија спремност зависи доброто на граѓаните и на целото општество. Тука во Куманово, вложивме во Ургентер центар од 900.000 евра, а планираме да ја гасифицираме болницата. Ние домаќински ги насочуваме парите на граѓаните, за да бидат поркиени нивните потреби, а не како режимот што повикува на поддршка да биде обновен, што го сруши до пепел здарвството и го интересираат само тендери за да крадат, додаде тој.

Истакна дека на докажаните херои во здравството на 15 јули ќе им биде доверена довербата за сигурно здравје или „на неодговорни политичари истурена рака на Груевски, како Мицкоски и соработниците кои блокираат проекти за пари од Светска банка за вложувања во здравството“. ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој е опасност, СДСМ е сигурност, да излеземе на гласање на 15 јули и да гласаме за број 3“.

Сите членови на здравствeниот систем херојски се справуваат со оваа криза. Тие се хероите на нашето време. Се покажа дека навремената интервенција даде резултати.
Ние секое ветување дадено кон здравствените работници го исполнивме. Најмногу вложивме во човечкиот капацитет на здравствениот систем и само заради тоа успешно се справуваме со коронакризата. Во три години, здравствените работници имаа три покачувања, платата на медицинските работници никогаш не била повеќе качена и никогаш поголема од сега. Продолжуваме да вложуваме во човечките потенцијали и да ги подобруваме условите за работа на лекарите и за третман на пациентите, рече претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче во Куманово.

Ваквиот повик за „сигурно здравство“ на министерот доаѓа после шест недели на рекорни бројки на новозаболени и починати, а во време кога техничкиот премиер ги отвори границите, но сите останати граници останаа затворени за нас.
Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што соопшти Министерството за здравство од новорегистрираните случаи 46 се во Скопје, потоа следуваат Куманово-6, Дебар-7, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-12, Струга-9, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-13, Струмица-2, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-4, Ресен-4.

Од 123-те оздравени лица кои ги регистрира денеска Институтот за јавно здравје 77 се од Скопје, Штип-7, Тетово-15, Струга-1, Велес-4, Битола-2, Гевгелија-1, Кочани-2, Пехчево-1, Кичево-2, Ресен-11.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се четворица пациенти на возраст од 46, 53, 63 и 69 години. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 42 години. Во ОБ Куманово починат е пациент на возраст од 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111,  бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3848, активни 1830
• Куманово 854, активни 186
• Дебар 151, активни 89
• Штип 444, активни 172
• Прилеп 296, активни 63
• Тетово 868, активни 320
• Струга 320, активни 161
• Велес 202, активни 35
• Битола 69, активни 26
• Охрид 225, активни 133
• Кавадарци 25, активни 17
• Гостивар 229, активни 143
• Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 9
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 15
• Пробиштип 36, активни 24
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 8, активни 4
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 117, активни 110
• Кичево 73, активни 62
• Ресен 138, активни 82
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 991 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-126, Биотек-85, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори) -14, Систина со PCR метода -156, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-29. Досега во земјата се направени вкупно 77.160 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 22 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 300
• Аеродром – 159
• Бутел – 131
• Гази Баба – 189
• Центар – 138
• Карпош – 140
• Сарај – 120
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 105
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 79
• Арачиново – 43
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 9
• Зелениково- 14
• Странец – 5

• Нераспределен- 128.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.