Коментирајќи ги последните случаи на политички прогон на новинари и медиуми кои се осмелиле да откријат криминал на власта за кои ораните не биле баш заинтересирани, Богдан Илиевски на Фејсбук пишува дека на „чуварите на правдата“ не им е проблем криминалот, туку тој кој придонесува да се открие нешто што „можеби органите не се потрудиле баш баш да го откријат“.

Излегува шокантен исказ во кој се спомнати политичари во корелација со „Рекет“. ОЈО на Јовески и ВиРус не ги вика политичарите на распит, туку му стега кривична на новинар за оддавање државна тајна – иако новинарот нема сертификат за државна тајна, па да ја оддаде, туку „тајната ја оддал“ некој друг, а новинарот објавува документ кој доаѓа до него.

Излегува документ за случајот „Леонардо“ и индиции за можна вмешаност на генсекот на владата. ОЈО на Јовески и ВиРус не го вика Рашковски на распит туку полиција упаѓа во порталот кој ја објавил информацијата за да се распрашува како ја дознал – а претходно вика на распит други новинари кои исто така работеле на сторијата.

Фактички, на „чуварите на правдата“ не им е проблем криминалот, туку тој кој придонесува да се открие нешто што „можеби органите не се потрудиле баш баш да го откријат“.

Со еден збор: Блескаме. Орвел би бил згрозено горд на вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.