По барање на семејствата откажана е поворката за загинатите од несреќата во Бугарија, која требаше да поминува низ Скопје. Како што соопшти вчеравечер Министерството за надворешни работи вечерва, има промена во часот при пречекот и испраќањето на загинатите до нивните домови и вечни почивалишта. Телата од аеродромот ќе бидат пренесени во домовите на семејствата, односно нема да има поворка која требаше да помине пред плоштадот Скендербег.

Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, сè уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

На барање на семејствата ако може да се откаже и ДУИ.
Кај го запуштивте овој народ уште сакате да се рекламирате со неговата несреќа.
Тоа сте вие една бескрајна поворка на смрт и несреќа, напиша Ивор Мицковски.

Првично беше најавено дека посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје. По пристигнувањето, како што првично најави МНР, поворката требаше да се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Пристигањето на посмртните останки во моментот во живо се пренесува на владиниот јутјуб-канал, како и на македонската радиотелевизија. Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец, пак, вклучувањето во живо го возбудено го рекламира и на „Инстаграм“, како да е најголема ексклузива, а не еден од најтешките моменти за семејствата и пријателите на загинатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.