На иницијатива на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, беше договорено посета на шефот на црногорската дипломатија Ѓорге Радуловиќ на Скопје, која првично требаше да се реализира утре. Подоцна, иницијативата од нивна страна беше повлечена, а реализацијата на посетата е оставена за друг термин што дополнително подоцна ќе се договори, ппотврдуваат од МНР за МИА.

Дел од македонските медиуми објавија дека црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ „ја прекинал посетата“ на Радуловиќ на Македонија, бидејќи, како што наведуваат, министерот застанал на страната на коалициски партнер кој повеќе не ја поддржува неговата Влада.

Шефот на црногорската дипломатија требало да се сретне со македонскиот државен врв во Скопје, но сите средби се откажани и тој, како што наведуваат дел од медиумите, „морал да се врати од Скопје во Подгорица“. Медиумите јавуваат и дека Радуловиќ им се извинил на домаќините и ја оценил одлуката на премиерот како „лична, непримерна и непрофесионална“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.