Министерството за труд и социјална политика велат дека градинките ќе работат по принципот на дежурства, со оглед на тоа дека Владата препорачува, а не обврзува овој заклучок да важи и за приватниот сектор.

Со оглед на тоа дека на втори јануари е можно да биде работен ден за приватниот сектор, а родителите да имаат потреба од згрижување на своето дете, ги информиравме градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Потребно е благовремено да ги известите родителите во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.