Ако Собранието не се распушти до недела ќе настапи сериозна политичка криза, рече вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е убеден дека изборите ќе се одржат изборите на 12 април.

Образложувајќи ја одлуката неговата партија сепак да не го напушти Собранието, иако тој самиот ја отвори таа можност, Мицкоски во интервју за „Алфа“ рече дека доколку неговата партија се одлучела на таков чекор експресно ќе биле изгласани, не само законот за ЈО туку и други закони од кои ќе профитира семејството на Заев.

Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите, верувајте, денеска на брза лента ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони што ќе донесеа пари во фамилијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Говорејќи за причините зошто за него не е прифатлив предложениот закон за ЈО, тој повторно го спомена членот 110 каде што, како што рече, „стои јасна амнестија на кривични дела или, пак, кривични дела што се поткрепени со докази на стекнат материјал како што е снимање итн“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.