Две табели на антиподите. Меѓу врвот сме по загаденост, на дното по знаење на нашите млади, пишува на фејсбук аналитичарот Ивор Мицковски.

Нашите буџети растат, но се помалку пари одат на образование и наука, а се повеќе на плати. Така се градел човечкиот капитал викаат.

За загадувањето се оделуваат трошки, додека милиони одат на перења пари преку Фондови за иновации, се субвенционираат лажни земјоделци, се даваат пари на бизниси, нашите локални кметови трошат половина милион евра на саксија паркови и уште 300 илјади евра на китење, или Винтерлендови каде вашите деца ќе треба да се трујат на загадениот воздух.

Во Струга се гради повторно покрај Езерото, во Охрид никој не помага со дивоградбите, се ќе се легализирало.

Толку од приоритетите во земја која е претворена во физичка и ментална депонија.

Нѐ крадат, перат пари пред наши очи, и уште претендираат да им бидеме благодарни, пишува Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.