Изминатите 24 часа во ковид-центрите низ земјава се пријавено 833 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 – 19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп – 114, во Гостивар – 57, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани – 17, во Кичево – 20, Кавадарци – 44, а во Гевгелија – 16 лица позитивни на коронавирусот.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, наведува Министерството.

Според МЗ, вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има колку 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминатите десетина дена постојано сме во контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени, информира Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.