МВР постапува по пријава за жртва во пожарите во општина Старо Нагоричане. По објавите во одредени медиуми за прва жртва во Спожарите кои ја зафатија Македонија, од МВР изјавиле дека постапуваат по пријава во Челопек, Старо Нагоричане.

Претходно ТВ 24 излезе со вест дека жена изгоре во куќа што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици. Тие се повикаа на сведоштво на мажот со кого таа живеела.

– Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Стојан кој живеел со Стојанка, пренесува ТВ24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.