Извори во обвинителството и МВР за Експрес тврдат дека во овие две институции веќе допрел јавниот глас за можна саботажа за автобусот подготвена од странство, за која јавно зборува пратеникот на владеачката коалиција Рубин Земон.

Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара. Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни, изјави Земон преку својот фејсбук профил.

Со оглед на тоа што се работи за висок државен функционер и донеодамна советник на премиерот кој имал пристап до сериозни државни документи, во МВР и ЈО очекуваат тој самиот во најбрз можен рок да ги приложи своите информации во рамки на тековните истражни дејствија.

Доколку Земон не се пријави сам тогаш МВР и ЈО ќе мораат да ги искористат своите законски права и обврски за во соодветна постапка да се добијат информациите од Земон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.