Согласно одлуката на Владата на Република Македонија за забрана за движење на населението во периодот од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19:00 часот.  

Сите граѓани, на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18:30 до 19:45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден (до 18:30 часот), притоа почитувајќи го датумот на закажаниот термин.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.