Вечерва во 20.10 часот пред банка спроти споменот „Скендербег“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Ј.(40) од Скопје, кој претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани, информира МВР.

Е.Ј. е приведен во полициска станица, а на местото се пронајдени чаури. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до екцес меѓу демонстрантите и банда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.