Алберт Муслиу, политичкиот аналитичар при своето гостување во дебатната емисија „Само вистина“ говореше и за случката со претепување на бившите министери Миле Јанакиески и Спиро Ристоски каде што тој потенцира дека некој треба да биде одговорен за ова.

И треба од овие работи да се извлечат поуки, значи вие можете да имате некој проблем и вие да не извлечете поука затоа што пак ќе ви се случи. Не е прв пат тоа кај нас да се случува. И ако не извлечете поука вие значи не можете да го градите системот и институциите, појасни Муслиу.

Муслиу нагласи дела освен политичка одговорност, дека е поднесена оставка и дека 11 дисциплински има тоа не го завршува процесот. Таму треба да се смени начинот на менаџирање на тие институции, затоа што ние не можеме да бидеме членка на ЕУ или да тежнееме да бидеме членка на ЕУ, а нивните затвори да бидат подобри од некои наши болници.

За мене фактот дека поднел оставка е поднесување на политичка одговорност за процесот, дали он ќе има дисциплинска постапка, дали ќе има друг вид на одговорност тоа треба допрва да се види, потенцира Муслиу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.